Одземено возило на пробиштипјанец кој возел без возачка дозвола

t

На 03.02.2026 во 22:40 часот на излез од с.Ратавица кон с.Трипатанци, пробиштипско, полициски службеници од ОВР пробиштип го лишија од слобода Ж.К.(57) од с.Трипатанци. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ без регистарски ознаки, кое го управувал, и по преземени мерки е констатирано дека го управувал возилото без да се стекне со право на управување на возило од Б категорија. Известен е јавен обвинител и по негова насока возилото е привремено одземено. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лажен лекар од Штип измамил жена за…

Лажен лекар од Штип доби кривична пријава…

Дилери нападнале полицајци во Тетово

На 19.08.2026 во Тетово, полициски службеници од…

Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…

Скопјанец нападнал двајца вработени во ЕВН —…

Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје…

Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…