Бил Гејтс за средбите со Епстин: Се каам, бев глуп што поминував време со него
Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс, го прекина молкoт откако во најновиот пакет објавени документи се појавија обвиненија поврзани со осудениот сексуален престапник и педофил Џефри Епстајн.
„Секогаш фокусот беше на тоа дека тој познава многу многу богати луѓе и тврдел дека може да ги убеди да донираат пари за глобално здравје“, рече Гејтс во интервју за Nine News.
Милијардерот продолжи: „Знаете, гледано наназад, тоа беше ќор-сокак и бев глуп што поминував време со него. Бев еден од многу луѓе кои се каат што некогаш го познавале. Наводно, Џефри напишал е-пошта самиот на себе. Таа е-пошта никогаш не била испратена. Таа е-пошта, знаете, е неточна. Не знам што му беше во главата тогаш. Секој момент што го поминав со него – затоа се каам и се извинувам што го направив тоа“, навел Гејтс.
Тој додал дека бил присутен „само на вечери“, но никогаш не отишол на островот и дека, според информациите, никогаш не запознал ниту една жена.
„И, знаете, што повеќе информации излегуваат, тоа ќе биде појасно дека, иако тоа време беше грешка, тоа немаше никаква врска со таков вид однесување“, истакнал Гејтс.
Најновиот сет документи содржи обвиненија против повеќе познати личности, вклучувајќи и Гејтс, кој се сретнал со Епстајн неколку пати за да разговараат за проширување на неговите филантропски активности.
Една е-пошта која Епстајн си го пратил самиот на себе во 2013 година покажува негово разочарување поради одлуката на Гејтс да го прекине нивниот однос, а во неа се тврди дека Гејтс добил полово пренослива болест и побарал совет од Епстајн како тајно да и даде антибиотик на својата тогашна сопруга Мелинда.
Мелинда, која се разведе од Бил Гејтс во 2021 година, изјави дека оние кои се споменати во документите, вклучувајќи го и нејзиниот поранешен сопруг, имаат што да објаснат.
Таа додала дека чувствува длабоко сочувство кон жртвите на Епстајн и дека е среќна што е „далеку од сета таа нечистотија“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бил Гејтс за средбите со Епстин: Се…
Еден од најбогатите луѓе на светот, Бил…
Грчки националист: Бугарите ја купуваат северна Грција
Зголемениот број недвижности во северна Грција што…
Алиу: Во тек е истрагата на МЗ…
Министерот за здравство Азир Алиу вели дека…
Ќе пораснат ли платите на над 1.000…
Сè поизвесно е дека функционерите и годинава…
Израел го гради првиот голем дата центар…
Албанија ќе го изгради првиот голем центар…