АНБ вработува: Распишан јавен оглас, плата до 60.000 денари
Агенцијата за национална безбедност објави јавен оглас за вработување инженери, со или без претходно работно искуство.
Платата за работните позиции опфатени со јавниот оглас изнесува од 50.000 до 60.000 денари, во зависност од работната позиција и претходното работно искуство.
-Ова е втор јавен оглас од формирањето на Агенцијата, со што уште еднаш се потврдува определбата за транспарентна, отворена и законска постапка при вработување кадри. Агенцијата за национална безбедност доследно ја применува практиката на јавно и рамноправно информирање, овозможувајќи им на сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да се пријават и да учествуваат во селекцискиот процес под еднакви услови. Со овој оглас, Агенцијата отвора можност за вклучување на стручни и мотивирани инженери кои сакаат да ја градат својата професионална кариера и да придонесат во заштитата на националната безбедност, се наведува во јавниот оглас на АНБ.
Деталните услови, критериумите и рокот за пријавување, како и потребната документација и текстот на јавниот оглас, можат да се преземат на веб-страницата на Агенцијата, во деловите „Транспарентност“ и „Кариера“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски се надева дека резултатите од американските…
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека се…
Евромбасадорот Рокас ќе му го врачи извештајот…
Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Михалис…
Иран објави информација за три опожарени бродови…
Два танкера и реморкер се опожарени во…
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…