Од првичните 27 тони, запленетата марихуана во Скопје и во Струмица достигна 40 тони

t

Запленети се околу 40 тони марихуана наводно одгледувана за медицински цели по претресите во Скопје и во Струмица дознава Телма од извори во истрагата. 10-тина се од Скопско, а 30-тина од Струмица. Првичните 27 тони за кои вчера брифираа истражните органи веќе се зголемени, со веќе откриени нови количини кои биле спремни за шверц, велат нашите извори.

Истите извори информираат дека марихуаната, на начинот на кој е продуцирана, складирана и чувана никако не можела да биде за медицински потреби, туку само за на улица, за продажба или шверц.

Акцијата е поврзана со пронајдените 5 тони марихуана во Србија, кои тамошните власти тврдат дека се од земјава. Во центарот на истрагата е компанијата „Алфафарм“ ДОО Скопје, чиј ко-сопственик Иван Драгниќ, кој е државјанин на нашиот северен сосед беше уапсен.

Со неколку комбиња и камиони се изнесуваше марихуана тешка десет тони од објектот на „Алфафарм“ во кругот на фабриката Охис. Останатите 30-тина тони се запленети во струмичкиот регион од фирми повразни со „Алфафарм“.

Станува збор за најголема заплена на марихуана од независноста на државата до денес.

Истрагата која ја води Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да даде одговор кој се бил инволвиран во шеврцот на петте тони марихуана и евентуални организирани структури поврзани со случајот. Но, и што се планирало за овие 40 тони кои беа запленети. Премиерот Христијан Мицкоски веќе изјави дека медицинската марихуана незаконски била пуштана во промет и незаконски складирана.

Фирмата „Алфафарм“ е основана во 2023 година и лиценцирана за медицински канабис во 2024 година. Министерството за здравство, во координација со МВР претходно изврши вонредна контрола во компанијата. Секои три месеци оние фирми кои имаат лиценци за одгледување на медицински канабис треба редовно да го известуваат Министерството за здравство.

„Од наша страна исто така со инспекторатот имаме годишен план, но имаме ад хок посети ако тоа е потребно. Вториот дел дали излегуваат надвор и како тоа се пренесуваат една во друга институција според протоколите мора да не информираат, но ако е надвор од тие протоколи ние не сме надлежни како институција тоа е надлежно Министерството за внатрешни работи“, рече Алиу.
Петте тони марихуана беа откриени на 29 јануари во фирма на двајца од осомничените татко и син во селото Коњух кај Крушевац, а ко-сопственикот на „Алфафарм“, Иван Драгниќ ја транспортирал дрогата преку граница. По акцијата најавија дека со информации ќе излезат од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од првичните 27 тони, запленетата марихуана во…

Запленети се околу 40 тони марихуана наводно…

Минчев, вели дека Црвенковски бил државник: Средбите,…

Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша…

Странски фондови „пазарат“ станови во Скопје: Дански…

Пазарот на недвижности во Скопје станува сè…

Кој стои зад нападот врз рускиот генерал?…

Се појавија првите детали за наводниот обид…

Непочитувањето на протоколите и пиротехниката се заеднички…

Непостоењето или грубото кршење на протоколите за…