Шуга кај двајца новопримени војници – ова се деталите!
Кај двајца новопримени професионални војници е потврдена кожната болест скабиес, во јавноста позната како шуга.
По поставувањето на дијагнозата, лицата веднаш се изолирани и упатени на домашно лекување, во согласност со важечките здравствени протоколи. Истовремено се преземени превентивни мерки за да се спречи евентуално ширење на инфекцијата.
Од Воено-медицинскиот центар е спроведен епидемиолошки надзор, а надлежните постапуваат според стручните насоки и препораки.
Од Армијата за ТВ 24 изјавиле дека пред приемот и почетокот на обуката биле обезбедени сите услови за сместување, престој и работа во единицата, како и дека континуирано се спроведуваат превентивни и противепидемиски мерки за заштита на здравјето на персоналот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…
За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865…
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани…
Македонката Бојана Пешевска, која е обвинета во…
Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска,…
Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возел 168…
Вчера во 13:15 часот, на Граничен премин…
До 15 отсто поевтин училишен прибор: Влен…
Почетокот на новата учебна година носи радост…