РАБОТЕВ ВО СТРАНСТВО, ИНВЕСТИРАВ ПАМЕТНО И УМНО: Димитриевски појасни дека не живее од политика
Димитриевски откри дека не зависи економски од платата како јавен функционер
Максим Димитриевски, градоначалник на Куманово и лидер на ЗНАМ, појасни дека не зависи економски од платата што ја прима како јавен функционер.
„Не сакам да бидам разбран погрешно, но јас сум задоволен од платата која ја примам и сум бил задоволен, бидејќи јас од платата не живеам“, рече Димитриевски, коментирајќи ја иницијативата на Сојузот на синдикати за измени на Законот за плата и надоместоци на пратениците, градоначалниците и другите именувани лица.
Политика и приватен бизнис
Димитриевски нагласи дека уште од 1998 година се занимава со приватен бизнис, што му овозможува економска независност.
„Работев во странство, инвестирав паметно и умно, и затоа од политиката не живеам. Ако направите анализа на платите на функционерите во регионот, ќе видите дека Македонија е во најмалата група на личниот доход што го примаат пратениците, министрите и градоначалниците“, додаде тој.
Реакција од опозицијата
Од Социјалдемократскиот сојуз реагираа, истакнувајќи дека функционерите од таканаречената „тендер коалиција“ на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, не живеат од личен бизнис туку од јавни пари.
„Со ваквата политика, веќе недостигаат две милијарди евра“, се наведува во соопштението.
Портпаролот „Бихаќка“ додава:
„Додека работниците се борат за леб, Димитриевски јавно призна дека не живее од платата“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
РАБОТЕВ ВО СТРАНСТВО, ИНВЕСТИРАВ ПАМЕТНО И УМНО:…
Димитриевски откри дека не зависи економски од…
Фрчкоски: Власта ја турка Македонија во изолација,…
-Изолираноста на Македонија во моментов плаши, затоа…
76 годишна битолчанка измамена за 7.000 евра…
Во Битолската полиција 76 годишна жена пријавила…
Инциденти пред солунскиот Универзитет „Аристотел“, приведени над…
Судири во Солун избувнаа ноќта кон 7…
МВР: Во тек е опсежна акција, запленети…
Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста…