(Видео) Германецот Финн, кој ја направи Македонија свој дом, шокиран: Не можам да верувам – црква стара 1000 години, фала му на Бог што дојдов во рајот!

t

Германецот кој ја направи Македонија свој дом, Финн Ваттчов, повторно ги воодушеви своите следбеници со најновото видео од Лесново, Пробиштип, каде што го посети величенствениот манастир на Св. Гаврил Лесновскаи. Во неговиот препознатлив стил, со искреност, љубов и неверојатно симпатичен акцент – Финн ја сподели својата фасцинација од богатата историја и култура на земјата што ја избрал за свој дом.

-Не ми се верува што има во оваа мала земја … манастир стар повеќе од 1000 години. Апсолутно неверојатно! Дали знаете што е ова … дали знаете каква историја и култура имате вие? – вели Финн, додека камерите го следеа неговото воодушевување. За него, Македонија не е само земја, туку вистински рај. -Не ми се верува дека дојдов да живеам во рајот на земјата … Лесново е лек за душата, додаде тој, пренесувајќи ја љубовта што ја чувствува кон секоја улица, манастир и споменик што го посетува.

Финн Ваттчов уште еднаш потврдува дека Македонија со својата историја, духовност и природна убавина, има моќ да ги плени не само локалците, туку и странците кои одлучиле да ја откријат и да се вљубат во неа. Неговата порака е едноставна, но моќна – македонската култура и наследство се богатство за цел свет, и секој треба барем еднаш да ја доживее оваа магија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Германецот Финн, кој ја направи Македонија…

Германецот кој ја направи Македонија свој дом,…

Ужас во Битола: Двегодишно дете растргнато од…

Битола е во шок, а македонската јавност…

Расмунсен: Можен е договор со САД за…

Шефот на данската дипломатија, Ларс Леке Расмусен,…

Ројтерс: Малку веројатен е мировен договор меѓу…

Американските и украинските преговарачи разговараа за можноста…

Нема назначување нови потпретседатели, легитимно е да…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно…