Скопјанка нападната од глутница кучиња додека трчала на кејот – „Јас, земјата, скинати хеланки и заби на двете нозе“

t

Скопјанката Сања преку објава на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за напад од глутница кучиња кој, како што наведува, се случил рано наутро на скопскиот кеј.

Според нејзиниот фејсбук статус, инцидентот се случил во вторникот, на 3 февруари, околу 4:30 часот, додека излегла да трча пред работа. Таа раскажува дека на дел од кејот, во близина на Палас, најпрво ѝ се приближиле неколку кучиња кои почнале да лаат, а набрзо им се придружиле уште десетина.

„Се обидов да ги избркам со викање, но не успеав. Едно од нив ме гризна, а другите ми го попречија патот. Во паника решив да трчам назад. Трчав и ме гризеа околу пет минути, сè додека не се сопнав и паднав“, пишува таа во објавата.

Николовска Најдовска наведува дека добила угризи на седум места по телото, по што случајот го пријавила во полиција. По интервенцијата на службите, била пренесена на Ургентен центар, а тетанус вакцина примила во болницата „8 Септември“.

Во својата објава таа апелира институциите системски да го решат проблемот со бездомните кучиња, посочувајќи дека по настанот чувствува страв да се движи сама низ градот.

Во објавата се означени и надлежните институции, меѓу кои Агенцијата за храна и ветеринарство, Град Скопје, ЈП „Лајка“, како и општините Центар и Карпош, со порака вакви случаи да не се повторат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Скопјанка нападната од глутница кучиња додека трчала…

Скопјанката Сања преку објава на социјалните мрежи…

Малолетници се тепале во автобус на ЈСП

На 05.02.2026 во 22:30 часот во СВР…

Уапсен 23-годишен скопјанец кај него пронајдени дрога,…

На 03.02.2026 во 22:50 часот полициски службеници…

Гостиварчанка претепала полицаец во Скопје

Млада жена од Гостивар претепала полицаец во…