Мицкоски: Јас не знам дека марихуаната фатена во Србија излегла од Македонија, а мислам дека и МВР не знае
На новинарско прашање, како од државава излегле 5 тона марихуана и дали и останатите запленети 40 тона биле наменети за шверц, премиерот рече дека немал информации дека запленетата марихуана во Србија била излезена од Македонија и ја повика новинарката доколку има такви информации да даде исказ во Обвинителството.
Марихуаната, шишињата произведено масло од канабис (полупроизвод) и биомасата запленети вчера во акција на полицијата од правните лица кои се занимаваат со овој бизнис, според истрагата, е резултат на непочитување на законот, но тоа треба да биде потврдено и во судска постапка, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Досега, како што рече, запленети се 40 тони марихуана, но, не ја исклучи можноста до крај на акцијата да бидат 100 тони.
Премиерот најави дека на следната владина седница ќе биде донесена одлука да се направат проверки во сите правни субјекти.
„Законот треба да се почитува. Овие коишто се предмет на оваа акција не го почитувале законот. Така ние мислиме. За да на крај дојдеме до решение, ќе каже судот низ една постапка дали го почитувале или не го почитувале. Ние мислиме во истрагава сега што ја водиме и во акцијата, дека не го почитувале. Ќе видиме тој процес понатаму ќе се развива. Можеби судот ќе каже државата не е во право, го почитувале законот, но, ние мислиме дека не го почитувале, сме ги конфискувале овие количини и сега истите проверки ќе ги направиме и во други правни лица коишто се занимаваат со оваа дејност“,
изјави премиерот во одговор на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со репрезентативните синдикати на администрацијата.
Тој посочи дека македонската регулатива дозволува извоз на масло од канабис за медицински цели, но како што нагласи, за тоа треба да се почитува законот и воспоставените норми.
„И сега нашата регулатива дозволува извоз на масло коешто се користи во медицински цели. Но, тоа има одредени норми и стандарди коишто треба да бидат постигнати. Вие не можете да декларирате отпад, отпад се знае, се гранки, лисја, а внатре во декларираниот отпад да најдете тврдо пресуван цвет од канабис. Јас не сум бил толку вклучен во оваа работа, но изминативе денови разговарав со многу луѓе коишто се познавачи на оваа област. Од самиот почеток на носење на првиот закон, па сè до денеска. Законот е генерално ист, но, некој министер, а тоа деновиве ќе се разработува, дозволил да се промени правилникот којшто е спротивен на законот. Значи, ние имаме подзаконски акт кој е во колизија со самиот закон и ниту еден познавач и ниту еден којшто во овој бизнис е успешен, не ми кажа дека цвет од канабис, којшто не е третиран по посебни стандарди, има таму затворени простории и така натаму и така натаму, сега да не навлегувам во такви детали, може да произведе цвет којшто потоа ќе се користи за производство на масло и тоа масло потоа да се користи во медицински цели“,
рече Мицкоски.
Тој вели дека законското решение е добро, но оти е спорен правилникот кој бил дополнително донесен.
„Јасно се знаело се, уште кога се носел правилникот, кога се дозволило на отворено да се одгледува канабис, истиот да се чува како што се чувал, истиот да се складира како што се складирал. Од тоа што успеав изминативе денови да го научам, почетникот во овој бизнис знае дека така таа работа не бива. Не може така да се добие производ со којшто ќе се задоволат ГМП нормите и стандардите за извоз на масло, кое потоа ќе се користи во медицински цели. Дали тоа некој со умисла го правел, дали тоа го правел со некаква друга цел, истрагата ќе даде одговор“,
рече Мицкоски потенцирајќи оти тие што работат законски нема да имаат никакви проблеми.
На новинарско прашање, како од државава излегле 5 тона марихуана и дали и останатите запленети 40 тона биле наменети за шверц, премиерот рече дека немал информации дека запленетата марихуана во Србија била излезена од Македонија и ја повика новинарката доколку има такви информации да даде исказ во Обвинителството.
„Од каде информацијата дека од државава се излезени 5 тона марихуана, од каде знаете дека се потекнати од тука?
Треба да дојдете да дадете исказ бидејќи јас не знам, а мислам дека и МВР не знае. Многу повеќе верувате на влада на сосед отколку на нашата влада“,
ѝ рече Мицкоски на новинарката и апелираше на внимателност во услови кога, како што рече, се спроведува најголемата акција во борбата против дрога и наркотични средства во Македонија.
За жал, нагласи тој, ова е резултат на една погрешна политика, на картелска политика, којашто ја водела претходната влада на СДСМ и ДУИ.
Министерството за внатрешни работи и вчера заплени голема количина марихуана. Како што информираа оттаму, во правно лице во Скопје биле пронајдени и одземени околу девет тони марихуана и над 1 300 шишиња произведено масло од канабис (полупроизвод). Од правни лица, пак, од источниот регион, биле одземени над 31 тони марихуана и биомаса.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Јас не знам дека марихуаната фатена…
На новинарско прашање, како од државава излегле…
Оставка во кабинетот на британскиот премиер поради…
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир…
Одземено и првото Порше од македонската полиција!
На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул.…
Влажен бран ја зафаќа Македонија
Од УХМР велат дека ќе има промена…
Српската полиција се огласи по киднапирањето на…
Министерството за внатрешни работи на Србија соопшти…