Новите газди на „Еурокомпозит“ ќе произведуваат панцири, шлемови и дронови
„Еурокомпозит“ имаше неизвесна судбина повеќе од 15 години и од 2021 година беше во стечај. Стечајниот судија во прилепскиот суд, Јасмина Шишковска, го прифати планот за реорганизација, со што фабриката, конечно, беше продадена и првата рата веќе им е исплатена на доверителите.
Сумата од 4,2 милиони евра покрива 65 % од побарувањата на доверителите, кои се согласија со планот. Парите ќе се уплаќаат на четири рати, првата беше исплатена кон крајот на декември 2025 година. Поранешниот вработен и доверител, Цветан Бунтески, вели дека иако 65 % не е целосно задоволувачка сума, подобро е од целосна ликвидација.
– Една рата веќе ни е исплатена, а до 2028 година треба да ги добиеме другите три. Повеќето од луѓето прифатија зашто немаше друг излез – додава тој.
Според планот за реорганизација, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници и веќе се преземени првите чекори за промена на инсталациите во фабриката.
Поранешните вработени се скептични, но се надеваат на рестартирање на производството.
– Фабриката не е во многу добра состојба сега, но новите сопственици почнаа да ја менуваат инсталацијата за вода и за струја и веќе ангажираа некои од поранешните работници. Неофицијално се очекува да се произведуваат панцири, шлемови и дронови. Времето ќе покаже како ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија – вели Бунтески.
На судските рочишта се појавувале само претставниците на полската компанија, додека македонската фирма не била присутна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Новите газди на „Еурокомпозит“ ќе произведуваат панцири,…
„Еурокомпозит“ имаше неизвесна судбина повеќе од 15…
Мицкоски: Јас не знам дека марихуаната фатена…
На новинарско прашање, како од државава излегле…
Оставка во кабинетот на британскиот премиер поради…
Шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир…
Одземено и првото Порше од македонската полиција!
На 08.02.2026 во 00:20 часот на бул.…
Влажен бран ја зафаќа Македонија
Од УХМР велат дека ќе има промена…