Хајредини: Заев се фалеше со 280 милиони евра заработка од марихуана и за Македонија беше Епстин пред Епстин за светот

t

Џевдет Хајредини, поранешен министер за финансии во една од првите македонски влади во независноста на државата, а сега почесто сатирично – афористичен политички коментатор, корените на последните актуелни случувања во Македонија ги лоцира во изјавите и дејствувањето на некогашниот премиер Зоран Заев.

7.02.2026 18:18

часот

„Заев беше тој што се фалеше дека државата ќе оствари 280 милиони евра од производство на мариухана за медицински потреби“, коментира Хајредини на социјалните мрежи како своевиден заклучок на актуелните акции на МВР со заплени на големи количества марихуана за медицински потреби на повеќе локации низ Македонија.

Во контекст на аферата со изнесувањето на „мозочно ткиво“ од медицинските институции во Македонија, произлезена од документите на контроверзниот американски финансиер Џефри Епстин, Хајредини исто така пронаоѓа паралела со некогашното дејствување на Заев.

„За Македонија, ‘бомбите’ на Заев се како тие на Џефри Епстин за светот“, вели Хајредини во друга објава.

Исто така, Хајредини коментира за обновувањето на една стара судска постапка на Македонски Телеком, иронично потсетувајќи на едно старо ветување на Зоран Заев, од времето кога беше премиер.

„Заев беше тој што и на новите директори на ТЕЛЕКОМ им ветуваше ‘искрена соработка’ и во иднина, исто како во минатото, кога старите директори Окружниот суд во Њујорк ги казни, зашто на високи македонски функционери им исплатиле повеќе милиони евра мито“, констатира поранешниот министер за финансии, Хајредини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…