Димовски најави нов инвестициски бран: Се отвораат околу 1.500 нови работни места, над 150 милиони евра странски вложувања во Македонија
Со најновите одлуки за странски инвестиции, во Северна Македонија се очекува отворање на околу 1.500 нови работни места, најави директорот на Технолошко-индустриските развојни зони, Гоце Димовски, во разговор за Канал 5 телевизија. Како што посочи, четири странски компании веќе донеле конечна одлука за инвестирање во земјава, од кои три ќе ги реализираат своите проекти во ТИРЗ Скопје, а една во Тетово.
Димовски информираше дека само во првата фаза од овие инвестиции е планирано вложување од над 150 милиони евра, што, покрај нови вработувања, треба да донесе и значителен економски импулс за локалните заедници. Според него, станува збор за сериозни проекти кои ќе имаат долгорочен ефект врз индустрискиот развој и извозниот потенцијал на државата.
Во однос на повлекувањето на компаниите АПТИВ и ДУРА од земјава, Димовски нагласи дека процесот не значи затворање на капацитетите, туку дека веќе се водат разговори со други заинтересирани инвеститори кои би ги купиле постојните објекти и би продолжиле со работа. Тој изрази оптимизам дека на тој начин ќе се задржат дел од работните места и ќе се избегнат негативни последици по вработените и локалната економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Димовски најави нов инвестициски бран: Се отвораат…
Со најновите одлуки за странски инвестиции, во…
Бугарија четврта во ЕУ по раст на…
Бугарија се наоѓа на четвртото место меѓу…
„Ова се ужасни работи“ – Балканската естрада…
Откако кон куќата на легендарниот пејач Здравко…
Сибиха: Само Трамп може да ја запре…
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха…
АРМ: Нема нови случаи на шуга кај…
Во врска со случајот со двајца професионални…