„ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е чувар на фотелјата“
„Јавно предупредуваме за опасни политички маневри кои се случуваат во Македонија. Очигледни се напорите на ВМРО да го рехабилитираат и вратат во земјата осудениот бегалец Никола Груевски. Христијан Мицкоски е привремен чувар на фотелјата за вистинскиот газда на ВМРО. Станува збор за внимателно планирана операција која ги поткопува темелите на нашата правна држава“ рече денеска на прес-конференција на СДСМ, Симона Цветановски, член на Извршниот одбор на партијата.
Таа вели „Сите анкети покажуваат дека партијата на Орбан на следните априлски избори во Унгарија ќе доживее пораз. Со тоа Груевски веќе нема политички штит кој му овозможуваше азил и заштита од екстрадиција. Промената на власта во Будимпешта го отвора патот за неговото враќање во земјата. ВМРО тоа нема да го претстави како соочување со правдата, туку како „исправување на неправдата“. Ова е првиот сигнал дека „газдата“ се подготвува да се врати дома. Второ, укинување на сите потпретседателски позиции во ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски тоа го направи за да стане единствениот заменик сам на себе“.
– Advertisements –
Цветановски рече „Наместо реформа, стратешки потег за да се елиминира внатрешната конкуренција и да се подготви теренот за Груевски и неговото враќање на чело на партијата, додека Мицкоски е само чувар на фотелјата која го чека својот „вистински“ сопственик. Трето, напад на случаите кои ги водеше СЈО и предвреме пуштање на Катица Јанева од затвор. Црна кампања која е веќе почната за ширење дезинформации за наводни „политички прогони“.
„Да се искористи како инструмент за дискредитација на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и прогласување на пресудите на Груевски за неважечки. Ова е дел од поширокиот напад врз институциите кои ја разоткрија корупцијата и злоупотребите на власта за време на ерата на Груевски. ВМРО троши енергија, време и пари на сите граѓани на Македонија за „перење“ на биографијата на осудениот бегалец. Четврто, најавата на Мицкоски дека ова му е последен мандат како претседател на партијата и дека нема да го менува статутот на партијата. Ова е сигнал дека „газдата“ се враќа и дека му се подготвува теренот“ порача таа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„ВМРО спрема враќање на Груевски, Мицкоски е…
„Јавно предупредуваме за опасни политички маневри кои…
Даниел не се замерил со никого, мотивот…
Македонскиот пејач, Даниел Кајмакоски, беше киднапиран во…
Бугарската полиција истражува серија ритуални убиства
Бугарските власти истражуваат убиство на шест лица…
Левица: Наместо да гони криминал, ДПМНЕ го…
Советникот од редовите на Левица во Советот…
МО: Шугата не е добиена во касарната…
Министерството за одбрана (МО) ги демантира информациите…