Да работеше повеќе минатата власт, сега ќе можеше да дискутираме за бесплатно високо образование, изјави Јаневска
Министерката за образование Весна Јаневска изјави дека во моментов не постојат услови за позитивен одговор на барањата за бесплатно високо образование, посочувајќи дека станува збор за сериозна финансиска и системска тема која не може да се решава без стабилна основа.
„Да работеше повеќе минатата власт, ќе можеше да дискутираме и на таа тема. Кога ќе дојде време и кога оваа држава ќе може тоа да го издржи, ќе дискутираме и на таа тема“, изјави Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за можноста државата да воведе целосно бесплатно високо образование.
Таа нагласи дека Владата во моментов е фокусирана на стабилизирање и унапредување на образовниот систем, подобрување на условите во образовните институции и обезбедување одржливи решенија, а не на популистички мерки кои би можеле да го оптоварат буџетот.
Изјавата доаѓа во период кога дел од студентските организации повторно ја актуелизираат темата за бесплатно студирање, барајќи системско решение и поголема државна поддршка за младите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Просечна оценка од државната матура е 3,66,…
Просечната оценка од полагањето на матурата во…
Јаневска најави можно затворање на универзитети во…
Министерката за образование Весна Јаневска најави можно…
Аларм во Просветен инспекторат: Каде е и…
Извори на Инфомакс алармираат за неправилности во…
Пратениците гo намалија бројот на стипендии за…
По скратена постапка денес во Собранието беа…
Јаневска: Доколку не вложуваме во вештачката интелигенција…
Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е…