Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион
Срамно е оваа влада на која што секој ден и вадиме коруптивни скандал, која што ја тера државата во изолација, да најавува купување на нов владин авион, тоа е расипништво, исмевање во лице на работниците кои имаат вистинска мака и не може да врзат крај со крај, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието.
Филипче посочи дека работниците заслужуваат достоинствен живот и 600 евра минимална плата, а власта ако има волја може да им помогне.
„Ако се сака, ова може да се направи. Сметаме дека минимална плата од 600 евра е нешто што работниците го заслужуваат и им е потребно за достоинствен живот ,во временски период кога синдикалната кошничка надминува 65/66.000 денари, кога една третина од трошоците одат за храна и пијалаци, дополнително тука се други трошоци и школски прибор за децата“, рече Филипче.
Тој додаде дека предлогот на СДСМ за обезбедување пари за 600 евра минимална плата е јасен и реален.
„Ги наведовме ставките од Буџетот каде што сметаме дека власта може да скрати пари. Тоа се категориите 42 и 46 од Буџетот, во кои што има делови за патни трошоци, за репрезентативен материјал, за патување и сметам дека власта може да покаже ширина, доблест, да покаже грижа за работниците, да скрати од овие пари и да се стигне до сумата од 7,5 милијарди денари во текот на оваа година, близу 120 милиони евра за да платата на работниците стигне 600 евра“, рече Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филипче: Не може работниците да протестираат, а…
Срамно е оваа влада на која што…
Мицкоски го корегираше „коректорот“: Им се обрати…
Прво да се донесе закон и потоа…
ССМ: Во четврток протест пред Стопанска комора,…
Со барање за зголемување на минималната плата…
Македонија бележи скок од четири места на…
Од 182 земји кај кои е измерен…
Таравари: Претседател на ВЛЕН е Мицкоски, тој…
Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари,…