Објавено на:

Рубио оди во Минхен по алармот за Гренланд што ги вознемири европските сојузници

t

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува на најважната годишна безбедносна конференција во Европа и ќе одржи средби со свои колеги, само неколку недели откако желбата на американскиот претседател Доналд Трамп да го преземе Гренланд предизвика вознемиреност кај сојузниците на САД.

Рубио ќе учествува на Минхенската безбедносна конференција, која ќе се одржи од 13 до 15 февруари, соопшти Стејт департментот. Потоа ќе отпатува во Братислава, Словачка, каде што ќе се сретне со владини претставници за унапредување на регионалната безбедност и ќе разговара за билатерални прашања, како нуклеарната енергија, воената модернизација на земјата и обврските кон НАТО.

Европската турнеја Рубио ќе ја заврши со посета на Будимпешта на 16 февруари, каде што ќе се сретне со клучни претставници за зајакнување на билатералните и регионалните интереси на САД, вклучувајќи ја и посветеноста на мировните процеси.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан повеќепати понуди неговата престолнина да биде домаќин на евентуална идна средба меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, во рамките на американските напори за ставање крај на војната во Украина.

Два месеца пред парламентарните избори во Унгарија, владејачката партија Фидес, предводена од Орбан – долгогодишен сојузник на Трамп – заостанува зад опозицијата според последните анкети. Трамп минатата недела јавно му даде поддршка на Орбан, кој користи слична националистичка реторика и зазема остар став против нелегалната имиграција.

Во изминатите недели американски, дански и гренландски претставници одржале средби за да разговараат за нов аранжман, обид да се задоволи желбата на Трамп за поголемо американско присуство на арктичкиот остров, без тој формално да им биде отстапен на САД. Трамп минатиот месец се закани со воведување царини за европските земји што се спротивставуваат на неговите планови за преземање на Гренланд, што предизвика бурни реакции меѓу европските сојузници на Америка.

Подоцна тој се повлече од заканата, наведувајќи дека е постигната „рамка за иден договор“ во врска со островот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рубио оди во Минхен по алармот за…

Американскиот државен секретар Марко Рубио ќе учествува…

Балканот повторно се тресе? Синоќешниот земјотрес отвори…

По подолг период на релативен сеизмички мир,…

ССМ утре ја блокира Стопанската комора!

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави…

Бубевски се закани со тужба за клевета:…

Јавниот обвинител Гаврил Бубевски тврди дека бил…

„Брисел ѝ објави војна на Унгарија“: Орбан…

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, остро реагираше…