(Видео) Масовна тепачка во турскиот парламент: летаа тупаници и клоци, паѓаа пратеници
Во турскиот парламент денеска изби масовна тепачка откако пратеници од владејачката партија и опозицијата се судрија околу именувањето на контроверзна личност за министер за правда во рамки на владината реконструкција, пренесе „Јуроњуз“.
Опозициските пратеници се обидоа да го спречат Акин Гурлек, кого претседателот Реџеп Таип Ердоган го назначи за шеф на правосудниот ресор, да положи заклетва во парламентот.
Како што се вжештија страстите, пратениците почнаа да се туркаат, а некои разменуваа и удари.
Кој е Гурлек и зошто опозивцијата не го сака?
Како главен обвинител на Истанбул, Гурлек водеше неколку звучни судски процеси против членови на главната опозициска партија – Републиканската народна партија (CHP), кои опозицијата долго време ги оценува како политички мотивирани.
Поради инцидентот, претседателот на парламентот ја прекина седницата на 15 минути, додека не се воспостави ред.
Поранешниот обвинител подоцна положи заклетва опкружен од пратеници на владејачката партија.
Ердоган го именуваше и Мустафа Чифтчи, гувернерот на источната провинција Ерзурум, за министер за внатрешни работи.
Гурлек барал 2.000 години за градоначалникот на Истанбул
Во антикорупциски истраги се уапсени стотици функционери од општини управувани од CHP.
Меѓу нив беше и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, кој нашироко се смета за главен ривал на Ердоган, а кој беше уапсен лани.
Гурлек во ноември поднесе обемно обвинение против Имамоглу, обвинувајќи го за 142 кривични дела поврзани со корупција и организиран криминал, со барање за вкупна затворска казна подолга од 2.000 години.
Поддржувачите на Имамоглу тврдат дека обвиненијата против него се политички мотивирани, но владата инсистира дека судството постапува независно.
Не беше наведена официјална причина за денешната реконструкција на владата, освен формулацијата во Службен весник дека разрешените министри „побарале да бидат ослободени од должност“.
Новите именувања доаѓаат во време кога Турција дебатира за можни уставни реформи и паралелно води мировна иницијатива со милитантната Курдистанска работничка партија (ПКК), со цел да се стави крај на повеќедеценискиот конфликт.
Се очекува парламентот да усвои реформи кои ќе го поддржат овој процес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Масовна тепачка во турскиот парламент: летаа…
Во турскиот парламент денеска изби масовна тепачка…
Скај њуз: Документите на ФБИ сугерираат дека…
Новооткриен документ на ФБИ сугерира дека американскиот…
Словенечки вештак сведочи за несоодветни терапии во…
Продолжи и денес судењето за ,,Онкологија” во…
СДСМ повторни тврди дека се враќа Груевски
Од СДСМ денеска соопштија дека актуелната власт,…
(Видео) Тешка е здравствената состојба на двегодишникот…
Кучето кое го искаса двегодишното дете во…