Да собереме пари да му купиме: Касами се пожали дека немал кола и ја возел колата на неговите родители
Лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, се огласи по бурните реакции во јавноста откако на лидерската средба се појави со луксузен автомобил „БМВ 7“, објави. Во гостувањето на ТВ21, тој упати извинување до граѓаните доколку сликата со скапиот автомобил предизвикала негативни чувства.
Касами појасни дека скапото возило не е во негова сопственост, туку е отстапено на користење.
„Автомобилот со кој дојдов на лидерската средба е на мојот братучед“, истакна Касами, додавајќи дека возилото го користи и партијата.
Тој изненади со изјавата дека лично не поседува возило, па дури и за општинските потреби се потпира на партиски ресурси.
„Јас лично возам автомобил што припаѓа на моите родители и немам личен автомобил. Дури и во општината го користиме автомобилот на партијата, односно на Движењето Беса“, рече тој.
Касами додаде дека и претходно бил гледан во скапи автомобили на владини или лидерски состаноци и дека нема комплекс во врска со тоа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лефков: Поранешните директори го посочиле Филипче како…
L По 5 години и голем број…
За шест месеци „Безбеден град“ евидентирал 310.865…
Од почетокот на системот „Безбеден град“ евидентирани…
Македонката Бојана Пешевска, која е обвинета во…
Хрватската полиција трага по 33-годишната Бојана Пешевска,…
Холанѓанец уапсен на „Табановце“ – возел 168…
Вчера во 13:15 часот, на Граничен премин…
До 15 отсто поевтин училишен прибор: Влен…
Почетокот на новата учебна година носи радост…