Гоце Наумовски предложен за нов уставен судија
Професорот на Правниот факултет Гоце Наумовски, кој беше дел од списокот на советници на премиерот Христијан Мицкоски е предложен за нов уставен судија на местото на судијката Јадранка Дабовиќ Анастасовска.
Претседателот на Комисијата за избори за избори и именувања, Ѓорѓија Сајкоски кој е пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница го предложи Наумовски за нов судија и без дискусија и забелешки беше изгласан со мнозинство гласови.
Професорот Наумовски се најде на списокот на советници на Владата кој беше објавен во јануари минатата година, а како што пишуваше тој го советувал премиерот за прашања од областа на правото.
Дабовиќ-Анастасовска во декември поднесе оставка од функцијата судија на Уставниот суд. Оставката, како што информираат од Уставниот суд, е поднесена поради здравствени и лични причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фудбалски судија со лакт удри фудбалер…
Премиерлигашите Ливерпул и Арсенал приредија вистински фудбалски…
Признаваат дека има корупција и притисоци: Судиите…
Здружението на судии го поздравува Извештајот на…
Судиите, обвинителите и затворската полиција ќе добијат…
Со Законите за изменување на законот за…
Жална вест: Судија претепан до смрт поради…
Во Ел Салвадор се случила трагедија каква…
Европскиот суд ја прифати жалбата на разрешената…
Европскиот суд за човекови права ја прифати…