Јакимовски до Мицкоски: Салата во „Димо Хаџи Димов“ ниту беше заглавена ниту тие ја одглавиле
„Не можам да се изначудам зошто овој човек има толкава патолошка потреба да лаже“ – вака му се обрати поранешниот градоначалник Стевчо Јакимовски на премиерот Христијан Мицкоски по вчерашната негова изјава за новата училишна спортска сала во ОУ „Димо Хаџи Димов“ во скопско Влае. Јакимовски потенцира дека проектот ниту бил заглавен, ниту тие го одглавувале.
-Повеќе наменска спортска сала Димо Хаџи Димов со 400 гледачи е проект изработен од мене уште во 2017-та година. Успешно е спроведена Јавна Набавка во Октомври и избран е економски оператор. До утре 13 Февруари 2026та година, има точно 90 дена откако тој постави свој градоначалник во Општина Карпош. 90 дена го држеа проектот, тие сами си го кочеа за да сега си кажува лаги дека го откочиле. Бидејќи има многу мерак да одговара на прашања, еве нека одговори: Во што бил проектот закочен и што тие откочиле, прашува екс-градоначалникот на Карпош.
Кога се кај откочувањето, додава Јакимовски, што не си ја откочат градинката Мајски Цвет во Тафталиџе 1.
-45 дена откако е завршена и не ја пуштаат во употреба. Им се заблагодарува на советниците. Веројатно знае дека истиот овој проект токму неговите советници од Вмро-Дпмне не го гласаа. И не знам на кој пратеник мисли, бидејќи од Карпош има двајца. Ама кој и да е, заслуга за изградба на оваа сала има некој си пратеник, колку што има мојот шестмесечен внук, стои во ставот на Јакимовски.
Премиерот кој присуствуваше на настанот информира дека до неодамна била блокирана изградбата и самиот проект, но дека сега повторно се гради. Градоначалникот на Карпош, Сотир Лукровски изјави дека поставуваат нови стандарди за да покажат дека Карпош „умее во инвестиците и прави сè за иднината, пред сè, на нашите најмали сограѓани“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јакимовски до Мицкоски: Салата во „Димо Хаџи…
„Не можам да се изначудам зошто овој…
Дваесет и седум деца користат 20 квадрати…
Дваесет и седум децата седат во дваесет…
Ограбена филијала за брзи кредити во Карпош
Ограбено финансиско друштво на подрачјето на општина…
Кучињата во Карпош не биле од Албанија…
Викеденов на социјалните мрежи се појавија фотографии…
„Лајка“ ги заловува кучињата кои се појавија…
По огромниот револт на јавноста по социјалните…