Апел од наш доктор: „Ве молам денар да не давате на ‘просјаците’ во Клинички центар во Скопје, цела мафија е“

t

„Најсиромашните што движат по Клинички Центар во Скопје, скромни стуткани луѓе со секакви маки дојдени по болнициве, најчесто се жртва и даваат пари на овие хоштаплери што глумат просјаци и инвалиди, а не се. Луѓе за нив најверојатно делат од последните парички“, започнува апелот на д-р Ненад Лазаров, кој работи како гинеколог акушер во Државната болница.

Доктор Ненад Лазаров работи како гинеколог акушер во Државната болница во Скопје и јавно говори на многу теми на неговиот Фејсбук профил.

Па, така и овојпат тој сподели реални сцени кои секојдневно ги гледа во склоп на Клинички Центар.

Неговиот апел:
„Најсиромашните што движат по Клинички, скромни стуткани луѓе со секакви маки дојдени по болнициве најчесто се жртва и даваат пари на овие хоштаплери што глумат просјаци и инвалиди, а не се, најверојатно и делат за нив од последните парички.

Стратешки се распоредени по Клинички.

Ве молам денар да не им давате, цела мафија се организирана секој ден илјадници денари укрупнуваат по локални продавници дури и во црквата на Клинички, заработуваат повеќе од сите нас, пред некој ден пред мои очи 7.000 денари укрупни еден од нив!

Со автомобил доаѓаат, со автомобил си одат.

Да сум власт, ова сето треба на долго време да се затвори за пример“.

Пред тоа, тој испрати уште еден корисен апел:
„Ве молам да се контролирате со свирење од автомобил на Водњанска и на паркингот на Клинички.

Џабе е, нема да ја расчистите гужвата, ни на улица, ниту на паркингот со манијакално свирење, туку само вознемирувате трудници и тазе породени жени а особено новородените бебиња не треба да бидат вака вознемирувани“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апел од наш доктор: „Ве молам денар…

„Најсиромашните што движат по Клинички Центар во…

Марко Рубио во Минхен: „Стариот свет“ заврши,…

„Сметам дека ова е пресуден момент. Стариот…

Филипче: СДСМ на конгрес во јуни ќе…

Претседателот на СДСМ Венко Филипче вели дека…

Мицкоски на средба со Кошта: Македонија е…

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски попладнево во…

,,Ќе молчиш или ќе зборуваш?“ – Стоп…

Профилот Стоп за Усје објави јавен повик…