„Њујорк тајмс“: САД ќе распоредат втор носач на авиони на Блискиот Исток
Американскиот весник „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори синоќа објави дека САД ќе испрати уште еден носач на авиони на Блиски Исток.
Според весникот на Блиски Исток ќе биде распореден носачот на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, што во моментот е на Карибите.
Белата куќа и Пентагон сè уште не ги коментирале наводите на весникот.
Претседателот на САД, Доналд Трамп пред неколку дена изјави дека размислува за испраќање на втор носач на авион на Блиски Исток ако не се постигне договор со Иран за нуклеарната програма на Техеран.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој пред два дена се сретна со Трамп, наведе дека се надева оти американскиот претседател ќе создаде услови за постигнување договор со Иран.
Првиот носач на авиони „УСС Абрахам Линколн“ и неколку бродови разорувачи со наведувачки ракети е распореден на Блиски Исток во јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зголемен интензитет на сообраќајот, чекање до 40…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Хорор на коњски трки во БиХ: Влетал…
Тројца луѓе се повредени во драматичен инцидент…
Како Јотова лови гласови на темата Македонија:…
Бугарската претседателка Илијана Јотова повторно ја отвори…
Џил Бајден не ја исклучува можноста дека…
Поранешната прва дама на САД, Џил Бајден,…
Путин ја прогласи „Единствена Русија“ за воена…
Рускиот претседател Владимир Путин, во својот говор на…