СДСМ: Владата ги намали субвенциите за 40 милиони евра, земјоделците се понижени

t

СДСМ обвини дека Владата предводена од Христијан Мицкоски ги намалила субвенциите за земјоделците од 140 на 100 милиони евра, што, според партијата, претставува директен удар врз домашното производство и егзистенцијата на земјоделските семејства.

Од СДСМ тврдат дека пред изборите биле ветувани 180 милиони евра субвенции, а наместо зголемување, земјоделците добиле кратење од 40 милиони евра. Дополнително, како што наведуваат, условите за добивање субвенции се усложнети, зголемени се праговите, а укината е и авансната исплата што претходно обезбедувала финансиска сигурност.

Партијата ја обвини Владата дека нема средства за субвенции и за зголемување на минималната плата, но, како што велат, има средства за луксузни трошоци и за сомнителни тендери.

Во соопштението се наведува и дека поради, како што тврдат, неправилности, била суспендирана ИПАРД 3 програмата, со што, според СДСМ, се доведуваат во прашање и европските средства наменети за поддршка на земјоделството.

Од Владата засега нема официјален одговор на обвинувањата на опозициската партија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…