Објавено на:

Зеленски: Се надевам дека ќе дојдеме до мир и повторно ќе се вратиме на нормалниот живот

t

Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Политико“ изјави дека гледа три елементи потребни за да се стави крај на војната – силни безбедносни гаранции, договор за реконструкција за да се помогне на Украина по војната и поголем директен притисок врз Русија.

Тој рече дека Доналд Трамп дури би можел да инсистира на „целосни санкции“ врз Русија, вклучително и нуклеарна енергија, па дури и санкции против Русите на Запад.

„Тој може да воведе санкции врз целата нивна енергија, врз нуклеарната енергија. Тој може да ја пренесе оваа порака до Европејците. Европејците направија многу, но не воведоа санкции врз нуклеарната енергија на Русите во Росатом“, рече Зеленски.

На прашањето дали се надева дека следната година ќе има мир, Зеленски одговори:

„Се надевам дека ќе имаме мир, и сите наши луѓе повторно ќе се вратат во нормалниот живот“, рече Зеленски.

За Путин, коментираше дека нема многу време, со оглед дека има 73 години.

„Бог да благослови да нема премногу време“, рече претседателот на Украина.

На прашањето дали Украина би можела да одржи избори, во услови на наводен притисок од САД врз Киев, тој рече дека во принцип би бил среќен да го стори тоа „што е можно побрзо“, но нагласи дека прво мора да заврши војната. Ако САД сакаат наскоро да одржат избори, рече Зеленски, најдобриот начин да се направи тоа е што побрзо да се заврши војната.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…

Русија ги повика странците и дипломатите да…

Русија денес објави дека ќе продолжи да…

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Соборен украински МиГ-29, загина пилотот

Украинските воздухопловни сили потврдија дека во четвртокот…

Советот на Европа прими 195.000 барања за…

Регистарот на штети во Украина, отворен поради…