Висок босански функционер е пронајден мртов во стан во Бања Лука

t

Во стан во Бања Лука во петокот е пронајден мртов шефот на Секторот за ревизија и контрола во Управата за индиректно оданочување на Босна и Херцеговина, Седин Мешиновиќ, објави босански „Вечерњи“.

Според неофицијални информации, Мешиновиќ претходно не одговарал на телефонските повици, по што било решено да се провери неговата состојба во станот. По доаѓањето на адресата, било затекнато неговото тело.

Околностите под кои настапила смртта засега не се официјално познати. Неофицијално, смртта настапила по природен пат.

Мешиновиќ е роден во 1985 година во Тешањ. Бил дипломиран правник. По завршувањето на студиите бил вработен во осигурителна компанија, а во 2009 година се вработил во Управата за индиректно оданочување (УИО).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Висок босански функционер е пронајден мртов во…

Во стан во Бања Лука во петокот…

Детали за убиството на жената во Челопек:…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово…

Шекеринска: НАТО придонесува за стабилноста на Западен…

Во интервју за агенцијата Бета, на маргините…

Лишени од слобода три лица од Гостивар,…

На 13.02.2026 во угостителски објект на ул.„Гоце…

Трагедија во Хрватска: Пешаци трчале преку автопат,…

Синоќа околу 21:45 часот, на автопатот А3…