Лишени од слобода скопјани кои ги криеле регистарските таблички од Сејф сити

t

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци, одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

Притоа лишени од слобода се двајца возачи, С.С. и М.А. кои управувале патнички возила “мерцедес” со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение за сторено кривично дело по член 378 и 380 од Кривичниот законик, а констатиран е и еден прекршок по член 80 од Закон за оружје.

А време на контролата извршено е превентивно делување со постојани обиколки и во парк на територија на Капиштец, во близина на угостителски објект на бул. “Партизански одреди”, како и кај игралиштето наречено “Дрвен Град” поради секојдневното собирање на малолетни лица.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја нападнала својата 72 годишна мајка: Приведена…

На 18.08.2026 во 09:15 часот во Радовиш,…

Скопјанец нападнал двајца вработени во ЕВН —…

Полицијата вчера уапсила 47-годишен насилник од Скопје…

Полицајци на Богородица пронајдоа 10 мигранти од…

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека…

Се тепале колеги болничари во болницата во…

На 17.08.2026 во 09:20 часот во Полициската…

Негувателки во градинки во Хром и во…

Негувателки во градинки во скопската населба Хром,…