Ѓорѓиевски: Чаир добива нов модерен булевар со велосипедски патеки и зеленило

t

Значаен инфраструктурен проект за Општина Чаир влегува во фаза на реализација. Модерниот булевар „Мит’хат Фрашери“ претставува важен чекор кон подобрување на патната инфраструктура и создавање пофункционална и побезбедна сообраќајна мрежа за граѓаните.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реализираа теренска посета со цел одблиску да се информираат за започнувањето на основниот проект за изградба на булеварот, на делницата од раскрсницата со улицата „Џон Кенеди“ до раскрсницата со булеварот „Босна и Херцеговина“, во должина од 1,4 километри.

Проектот предвидува современи сообраќајни решенија, вклучувајќи:
– 4 сообраќајни ленти (по 2 во секоја насока);
– Централен зелен појас за зголемување на безбедноста;
– Велосипедски патеки во двете насоки;
– Тротоари за безбедно движење на пешаците;
– Заштитно зеленило од страните и посебно уредени автобуски постојки.

Оваа инвестиција, финансирана од Град Скопје, претставува значајна додадена вредност за Чаир, подобрувајќи го сообраќајот, зголемувајќи ја безбедноста и приближувајќи ја општината кон стандардите на модерен, зелен и функционален град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тошковски: Интензивно се работи на расчистување на…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…

Меџити: Чаир и Вакарици кон збратимување

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска…

Клековски: Прободениот 13-годишник сѐ уште е во…

Тринаесетгодишното дете кое беше прободено со нож…

Определен притвор за едно лице за претепаниот…

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен…

Тошковски: обезбедени се пет лица за инцидентот…

Сите учесници во инцидентот во скопската населба…