Сајкоски: Поради долгогодишната неработа од страна на претходното раководство Кичево денес се соочи со катастрофални поплави
Поради долгогодишната неработа од страна на претходното раководство Кичево денес се соочи со катастрофални поплави, напиша на Фејсбук пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски.
Во продолжение неговата објава:
Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со сериозни и катастрофални поплави по обилните врнежи од дожд. Прелевањето на речното корито предизвика значителна материјална штета и ги загрози домовите, инфраструктурата и безбедноста на граѓаните.
За разлика од минатото, денес институциите покажаа одговорност и подготвеност. Актуелниот градоначалник, Д-р Александар Јовановски заедно со екипите на комуналната и противпожарната служба, како и со поддршка од општествено одговорни компании, веднаш излегоа на терен и активно се вклучија во санирање на последиците. Со координирана и пожртвувана работа, во исклучително краток рок беше спречено понатамошно ширење на штетите и започна расчистувањето на погодените подрачја.
Оваа заедничка акција е јасен показател дека кога постои волја, одговорност и вистинско лидерство, предизвиците можат да се надминат. И покрај тешката ситуација, се враќа надежта дека секојдневието на кичевчани постепено ќе се нормализира и дека градот ќе излезе посилен од ова искушение.
Службите остануваат на терен и во текот на ноќта, будно ја следат состојбата и продолжуваат со работа сè додека целосно не се отстранат последиците. Приоритет останува безбедноста на граѓаните и заштитата на нивните домови, со јасна порака дека Кичево повеќе нема да биде оставено само во моменти на криза.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сајкоски: Поради долгогодишната неработа од страна на…
Поради долгогодишната неработа од страна на претходното…
Алармантна е состојбата со поплавите во Кичево,…
Поради настанатата кризна состојба предизвикана од поплавите,…
Поплави во Кичево, општината организира времено сместување…
Поради лошите временски услови и интензивните врнежи,…
Приведен маж во Кичево – се заканувал…
Вчера во 15:30 часот, во ОВР Кичево…
Двајца кичевци во притвор поради обид за…
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Д. (37)…