Словачка се надева на договор со компанија од САД за изградба на нова нуклеарна централа

t

Словачка се надева дека следната година ќе потпише договор со американската компанија „Вестингхаус“ за водење на конзорциум за изградба на нова нуклеарна централа, изјави премиерот Роберт Фицо по средбата со американскиот државен секретар Марко Рубио во Братислава, пренесува Јаху.

Тој наведе и дека Словачка е заинтересирана за купување на уште четири авиони ловци Ф-16 од САД, за да има вкупно 18 авиони.

Фицо истакна дека има информации оти е поправен нафтоводот „Дружба“, по уништувањето во источна Украина, преку кој се испорачува нафта за Словачка и Унгарија. Според него испораките на нафта за Унгарија и Словачка станале дел од политичка уцена.

– Тоа што денес се случува околу нафтата го доживувам како политичка уцена кон Унгарија, поради бескомпромисниот став на Унгарија за членството на Украина во ЕУ – посочи Фицо.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словачка се надева на договор со компанија…

Словачка се надева дека следната година ќе…

Хилари Клинтон: Ставот на Трамп кон Украина…

Поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон,…

Рубио: Не сакаме Европа да биде вазал…

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави за…

Иран подготвен на компромиси за нуклеарен договор…

Иран е подготвен да разгледа компромиси за…

Рубио оди кај двајцата сојузници на Трамп…

Американскиот државен секретар Марко Рубио ја продолжува…