Американски војници упаднаа на танкер што превезувал нафта од Венецуела, соопшти Пентагон
Припадници на американската армија синоќа упаднаа на санкциониран танкер во Индискиот Океан откако го следел од Карипското Море во обид да се справи со нелегалната нафта поврзана со Венецуела, соопшти денеска Пентагон.
„Бродот се обиде да го прекрши карантинот на претседателот (Доналд) Трамп со надеж дека ќе избега. Го следевме од Карипско Море до Индиски Океан, го намаливме растојанието и го запревме“, се наведува во соопштението на Пентагон.
Танкерот „Вероника III“ е под американски санкции, а пловел под панамско знаме. Бродот од 2023 година е поврзан со руска, иранска и венецуелска нафта.
Бродот испловил од Венецуела на 3 јануари, истиот ден кога беше заробен венецуелскиот претседател Николас Мадуро, со речиси два милиона барели сурова нафта и гориво.
Не е познато дали танкерот е формално запленет и ставен под контрола на САД. Администрацијата на Трамп заплени повеќе танкери како дел од поширокиот напор за преземање на контролата врз венецуелската нафта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата падна под 108 долари…
Цената на Брент се спушти под 108…
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп поништи над 300.000 визи…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп поништила…
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…