Поплави во повеќе делови од државата, во Кичево 220 лица се евакуирани и сместени во спортска сала
ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОПЛАВИ
Состојба до 08:30 часот
Во Полошкиот регион, во Гостивар, екипи на противпожарната служба интервенирале во текот на целата ноќ поради обилните врнежи од дожд и поплавувањата. Најкритична состојба е регистрирана во селото Форино кое е најпогодено од поплавите. Поплавени се и земјоделски површини во селата Чајле, Турчане, Врапчиште и Беловиште.
Во Југозападниот регион, во Кичево, на улица Прилепска е регистрирано најголемо поплавување на куќи и евакуирани се 220 лица кои се сместени во спортската сала Христо Узунов. Заезерувања има и на улица 29 Ноември во населбата Подварош каде се поплавени подруми во повеќе куќи. Поплавени се и објекти на болницата во Кичево. Организирана е достава на храна и вода за загрозените лица со поддршка на Црвен крст, а на терен активно работат екипи од полицијата, комуналното претпријатие и противпожарната служба
Во Североисточниот регион, во Општина Липково, во дел од селото Опае поплавени се земјоделски површини поради излевање на Слупчанска река, при што засега нема пријавени материјални штети. Поплавени земјоделски површини има и во селото Оризаре. Во Куманово, во селото Доброшане на локацијата Шупли Камен, кај мостот на Кумановска река има насобрани пластични шишиња, но засега нема опасност од излевање на реката
Во Скопскиот регион, во Општина Сарај состојбата е мирна и се следи, додека во Општина Зелениково има минимално излевање на реката Вардар кај селата Пакошево и Ново Село без непосредна опасност
Во Југоисточниот регион, во Струмица, засега нема пријавени штети од врнежите од дожд. Пријавен е одрон кај селото Суви Лаки кон Берово и за истиот се известени надлежните служби
Во Источниот регион, во Пробиштип, регистриран е прекин во снабдувањето со електрична енергија во селата Долни и Горни Стубол и екипи на ЕВН работат на отстранување на дефектот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Поплави во повеќе делови од државата, во…
ВОНРЕДНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПОПЛАВИ Состојба до 08:30…
Левица: Со поројните дождови во Кичево, на…
Со поројните дождови во Кичево, на површина…
Над 30 домаќинства се погодени од поплавите…
Директорот на Центар за управување со кризи,…
(Видео) Кавадарци испрати помош за Кичево –…
По насока на градоначалникот Митко Јанчев, Општина…
Сајкоски: Поради долгогодишната неработа од страна на…
Поради долгогодишната неработа од страна на претходното…