Хит дестинација на владиниот лирџет- Будимпешта, најмногу летаат Силјаноска и Николоски, Мицкоски летал до Јадран, а Гаши со сопругата

t

Скопје – Будимпешта е релацијата на која најмногу летал владиниот авион. Дури седум пати се летало кон престолнината на Унгарија во периодот откако ВМРО – ДПМНЕ состави влада во јуни 2024, па заклучно со декември 2025 година.

Од министрите најмногу во воздух бил министерот за транспорт и врски и заменик претседател на владата, Александар Николовски а најчесто летал токму за Будимпешта. Го користел авионот 11 пати од кои шест пет бил таму.

Преку документите кои ги обезбеди Телма од Службата за општи и заеднички работи во Владата, имало случај кога владиниот авион бил упатен на сервис во германскиот град Нирнберг на 12 јануари лани. Оттаму бил упатен кон Будимпешта, го земал Николовски и се вратиле во Скопје. Министерот за транспорт летал и за Лондон, а дел од делагацијата бил и поранешниот вицепремиер за економија Владимир Пешевски. Бил и во Прага, Виена, а летал и на релација Скопје – Истанбул и назад, но не директно за Скопје, туку прво застанал во Охрид.

Повеќе од Николовски, владиниот авион го користела само претседателката Гордана Силјановска Давкова. Летала 13 пати. Во соседството била до Тиват, Подгорица, Тирана, а имала и летови до Рим, Истанбул, Копенхаген.

Претседателот на Собранието Африм Гаши пак го употребил седум пати. На три релации бил придружуван и од сопругата. За еден лет од Скопје до Џеда во Саудиска Арабија, како корисник се наведува Претседател на Собрание, но на листата нема податоци за патниците.

Премиерот Мицкоски владиниот авион го користел три пати. Еднаш бил до Будимпешта, а на 10 август лани заминал за Сплит. Во тој период медиумите информираа и дека неколку денови Мицкоски ќе одмара во Хрватска. Патувал и до Тирана. За еден лет од Скопје до Белград нема целосни податоци. Пишува дека корисник е претседател на Влада, но графата за патници е празна.

Исто колку и премиерот владиното летало го користел и министерот за надворешни Муцунски. Бил до Ротердам, Белград и Стразбур. Во едне случај летал и до Прага, но патувањето било организирано од од министерството за енергетика, транспорт, и земјоделие.

Два лета од МНР биле организирани за други цели – едниот за транспорт на повредени од пожарот во Кочани, а другиот за евакуација на граѓани од Израел.

Од документите може да се види дека со владиниот лирџет летала и министерката за енергетика Божиновска, два пати. Била на еден ден до Белград и еднаш до Прага. Во Будимпешта бил и министерот за локална самоуправа Златко Перински. Таму заминал со уште четворица. Во авионот еднаш седнале и министерата за образование Весна Јаневска и поранешниот министер за животна средина Изет Меџити. Патувале до Лондон.

Според, податоците за година и половина, од средината на 2024 до крајот на 2025 тата владиниот авион бил употребуван околу 40 пати, без летовите за сервисирање и двата лета медицинскиот и за евакуација на патници. Се сервисирал девет пати. Ова летало е наменето само за институциите кои се под владина капа, а трошоците за користење се покриваат директно од буџетот кој го полнат и граѓаните. Инаку, планот е да се набави уште еден ваков авион.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хит дестинација на владиниот лирџет- Будимпешта, најмногу…

Скопје – Будимпешта е релацијата на која…

Вака се прави држава: поранешните министерка за…

Поранешната црногорска министерка за образование, наука, култура…

Aко нема договор за Вреди, Гаши ќе…

При трансформацијата на коалицијата Вреди во партија,…

Ковачки: Македонија е лојален и доверлив партнер…

Како повеќепартиска делегација деновиве сме во посета…

Братот на Џефри Епштајн го обвини Министерството…

„Сега знам дека е убиен“, рече Марк…