Полска ги подигна борбените авиони поради руска воздушна активност кај границата
Полската војска испрати борбени авиони, а полските власти привремено ги затворија аеродромите во Жешов и Лублин поради масовниот напад на Русија врз Украина, соопштија денес полските власти.
Оперативната команда на вооружените сили нагласи дека овие акции се превентивни по природа и имаат за цел обезбедување на воздушниот простор, објави полската ТВН24.
Аеродромите во Жешов и Лублин беа привремено затворени поради воената операција, соопшти денес Полската агенција за воздушен транспорт (ПАНСА).
Како што објавија украинските медиуми, руските трупи утрово масовно ја напаѓаат Украина со борбени беспилотни летала, а во голем број региони е прогласена воздушна тревога.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ел Мундо: Русија летово планирала атентат на…
Руска разузнавачка мрежа планирала да изврши атентат…
Воен авион се урна во Русија, загинаа…
Тешка авионска несреќа со воен авион се…
Русија се закани со нуклеарен одговор во…
Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…
Украинскиот град Олешки се соочува со глад…
Украинските сили доставија околу 4 тони храна…
Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…
Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…