„Нема назад, мора да има одговорност“ – нов протест во Сараево по трамвајската несреќа
Петти ден по ред граѓаните во Сараево ќе излезат на протести, организирани од неформална група студенти по тешката трамвајска несреќа во која животот го загуби 23-годишно момче, а четворица беа повреднеи. Денешниот протест е закажан за во 12 часот пред Националниот музеј, пренесе Кликс.ба.
Времето нема да им биде наклонето на сите оние кои планираат да одат на протестите денес, со оглед на тоа што главниот град осамна покриен со снег, а во текот на денот беа прогнозирани дожд и лапавица.
Вчера, илјадници граѓани, предводени од средношколци и студенти, прочитаа четири барања што ги испратија до властите пред Обвинителството на Сараевскиот кантон:
-Објавување на целосни информации за истрагата, вклучувајќи податоци за трамвајскиот сообраќај и снимки од трамвајот во времето на несреќата,
-Повлекување на сите стари трамваи додека не бидат повторно сервисирани, а информациите за нивната исправност да им се доставуваат на граѓаните
-Оставки од сите одговорни лица,
-Безбеден јавен превоз и суспензија на приватизацијата на јавниот градски превоз.
Неколку илјади демонстранти вчера мирно шетаа неколку часа од Националниот музеј преку Скендерија до Обвинителството, а потоа покрај Претседателството на БиХ до Националниот музеј.
Министерот за транспорт Аднан Штета вчера изјави дека сите стари чешки трамваи се повлечени и нема да бидат пуштени во сообраќај додека не се извршат сите проверки. Тој вети дека пред враќањето во сообраќај, ќе бидат објавени резултатите од проверките и услугите.
Премиерот на Сараевскиот кантон, Нихад Ук, поднесе оставка во неделата, со што ја собори целата Влада на КС. Директорот на јавното сообраќајно претпријатие ГРАС, Сенад Мујагиќ, исто така поднесе оставка.
Обвинителството на КС вчера објави дека снимката од камерата од трамвајот, која се анализира по наредба на обвинителите, е доказен материјал и дека нејзиното објавување би можело да ѝ наштети на истражната постапка во толку сложен случај.
Обвинителството, исто така, чека наредба од судот за исклучување на снимките од видео надзорот од други згради лоцирани во близина на местото на несреќата со трамвајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Нема назад, мора да има одговорност“ –…
Петти ден по ред граѓаните во Сараево…
Продолжуваат протестите во Сраево по трамвајската несреќа…
За денеска напладне е закажан нов собир…
Премиерот на Сараевскиот кантон поднесе оставка по…
Премиерот на Кантонот Сараево, Нихад Ук, денес…
Протест во Сараево – „Ако нè убиете…
Илјадници луѓе се собраа денес во Сараево…
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…