Земјотрес од 4,5 степени по Рихтер ја погоди Грција
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја здрма Грција три минути пред полноќ.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот бил лоциран во областа на Пелопонез, северно од градот Триполи.
Потресот е почувствуван на пошироко подрачје, на длабочината од 28,6 километри.
Иако земјотресот предизвика паника меѓу локалното население, првичните информации се дека нема штети.
„Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени. Надлежните служби остануваат на терен и будно ја следат ситуацијата“, соопштија грчките власти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес од 4,5 степени по Рихтер ја…
Силен земјотрес со јачина од 4,5 степени…
Тридневен штрајк на таксистите во Грција
Од 6 часот утрово, таксистите во Атина…
Грчките земјоделците го завршија протестот во Атина,…
Сообраќајот во центарот на Атина повторно е…
Грчките фармери денес на протест пред Парламентот
Фермери од цела Грција ќе се соберат…
Разбиена криминална организација во Грција за нелегално…
Во организирана операција во неколку региони, грчката…