Макрадули: Додека опозицијата се занимава со себе, власта бега од одговорност
Поранешниот висок функционер на СДСМ Јани Макрадули преку објава на социјалните мрежи остро ја критикуваше актуелната политичка состојба во земјава, оценувајќи дека внатрепартиските пресметки и политичките конфликти ја оттурнуваат власта од одговорноста кон граѓаните и реалните проблеми во општеството.
Според него, кога опозицијата е фокусирана на сопствени внатрешни прашања, власта влегува во „комфор зона“, избегнувајќи да се соочи со предизвиците со кои се соочува државата. Макрадули посочува дека последиците од таквата состојба најмногу ги чувствуваат граѓаните, кои се соочуваат со неизвесност, раст на цените, замрзнати плати, проблеми во транспортниот сектор, незадоволство кај земјоделците и притисоци врз различни општествени категории.
Тој оценува дека наместо решавање на секојдневните проблеми, власта и коалиционите партнери се впуштиле во меѓусебни пресметки за политичка моќ, што, како што наведува, дополнително ги нагризува институциите и ја загрозува иднината на државата. Во објавата се споменуваат и меѓусебни обвинувања околу тендери, користење на владиниот авион и јавни критики меѓу носители на функции во извршната власт.
Макрадули смета дека евентуална реконструкција на Владата нема да донесе суштински промени, бидејќи, како што наведува, недостасуваат јасна визија и план за управување со државата. Според него, бројките и јавните настапи не се доволни доколку зад нив нема конкретна стратегија и анализа, наведувајќи го примерот со туризмот и економските политики.
Тој додава дека за секој системски проблем е потребен посебен и јасно дефиниран план, а не, како што наведува, носење одлуки без долгорочна стратегија или нови задолжувања како решение за економските предизвици.
Во објавата Макрадули заклучува дека државата има потреба од политики водени од национални интереси и реални приоритети, наместо од дневнополитички пресметки и надворешни влијанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Макрадули: Додека опозицијата се занимава со себе,…
Поранешниот висок функционер на СДСМ Јани Макрадули…
Тешка сообраќајна незгода во Скопје – едно…
На 17. 02.2026 година во 15:57 часот…
Врне снег на Пониква и на патниот…
АМСМ информира дека сообраќајот на државните патишта…
Koчовска: Државна помош од 200 милиони евра…
Државна помош од 200 милиони евра годишно…
СДСМ: Мицкоски не одговара зошто одел на…
„Ниту од Владата ниту од ВМРО-ОКГ нема…