Сиљановска-Давкова – Варнс: Американско-македонското стратешко партнерство и сојузништвото во НАТО се важни за стабилноста во време на безбедносни предизвици
Меѓународните односи, состојбите во НАТО, ЕУ и регионот, како и реформските процеси во нашата земја биле темите за кои на денешната средба разговарале претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова и Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на мисијата во Амбасадата на САД.
-Соговорничките се фокусираа на македонските работи: реформските процеси во судството, дигитализацијата, борбата против корупцијата и организираниот криминал и реализацијата на инфраструктурните проекти. За нив, инклузивниот модел на одлучување и меритократијата во сите сфери на општествениот живот, а особено во образовниот систем и во регрутирањето на државната и јавна администрација на највисоко ниво се клучни, не само за нашата евроинтеграција, туку и за просперитетот на државата. Во време на безбедносни предизвици и ризици, за обете, американско-македонското стратешко партнерство, како и сојузништвото во НАТО, се важни за стабилноста, се наведува во соопштението од Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
Претседателката изразила подготвеност за понатамошна соработката со истата динамика и посветеност како со претходната амбасадорка на САД.
-Амбасадорката ја потврди американската подготвеност за унапредување на пријателските односи, поздравувајќи ја неодамна усогласената заедничка изјава за рамката за идниот Договор за реципрочна, фер и балансирана трговија, како значаен чекор во зајакнувањето на економската соработка. Сиљановска-Давкова и Варнс очекуваат со Акцискиот план да се конкретизираат низа проекти во интерес на граѓаните, соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Пензионер од Охрид му вперил пиштол на…
73-годишен охриѓанец ќе одговара за две сериозни…
Земјотрес ја погоди Србија
Земјотрес со јачина од 3 степени според…
Денес се празнуваат Светите маченици Тријандафил и…
Тријандафил беше родум од Загора, а Анастасиј…
Денес и утре топло, во недела услови…
Сончево и многу топло со мала до…