Нов вирус ги загрижува научниците – предизвикува неподнослива болка во зглобовите
Тропската болест чикунгуња, која предизвикува силна и долготрајна болка во зглобовите, може да се пренесе преку комарци низ поголемиот дел од Европа, се наведува во нова студија.
Научниците предупредуваат на „шокантно“ откритие – вирусот чикунгуња, познат по предизвикување на неподносливи болки во зглобовите, сега може да се шири и на температури многу пониски од претходно проценетите.
Најновата студија објавена во „Journal of Royal Society Interface“ открива дека минималната температура за пренос на вирусот е спуштена на само 13°C, што значи дека јужна Европа (Шпанија, Италија, Грција) е под ризик дури шест месеци во годината.
Она што до пред 20 години изгледаше невозможно, сега е реалност. Глобалното затоплување и инвазивниот азиски тигрест комарец ја носат оваа тропска болест дури и до Англија и Белгија. Експертите предупредуваат дека последиците се катастрофални – кај 40% од заразените, болките слични на артритис траат и до пет години по инфекцијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов вирус ги загрижува научниците – предизвикува…
Тропската болест чикунгуња, која предизвикува силна и…
Одложена утрешната расправа за „Пулс“ поради влошена…
Утрешното рочиште за случајот „Пулс“ се одлага…
Избувна пожар кај Усје!
Денеска избувна пожар во близина на Цементарница…
Дурмиши: Минималната плата ќе се зголеми во…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Гоце Наумовски избран за нов уставен судија
Професорот од Правниот факултет Гоце Наумовски кој…