Владата очекува годинава инфлацијата за падне под 3 отсто
Инфлацијата е пониска од многу земји во Европа и речиси на исто ниво со регионот, изјави премиерот Христијан Мицкоски и рече дека очекува годинава инфлацијата за падне под 3 отсто.
– Кога ќе ја споредиме стапката, таа, горе-долу, е иста како во регионов. Освен во соседна Србија, каде што е 2,2 – 2,3 поради тоа имаат мерка, мерката со ограничување на цените на производите. Првиот момент кога ќе ја напуштат таа мерка, тогаш сето ова ќе се нивелира и наеднаш ќе имаат пик, бидејќи ние тоа го видовме една година пред тие да го имплементираат тоа и затоа одлучивме да се бориме против инфлацијата преку други механизми, изјави Мицкоски.
Инаку што се однесува до другите месеци, тој очекува инфлацијата да биде под 3 отсто.
– Има држави во Европа како што е Романија, каде што инфлацијата во јануари е 9,8 отсто, во Турција е двоцифрена, преку 30 отсто, потоа соседна Бугарија, Хрватска и така натаму, има голем број примери во Европа каде што инфлацијата е многу поголема од онаа кај нас. Оваа година, очекувам инфлацијата на годишно ниво кај нас да биде под 3 отсто, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Преподобниот маченик Дометиј
Роден е во Персија како незнабожец, во…
Пеколни горештини со температури до 40 степени…
Сончево и многу топло со мала до…
Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…
Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…
Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…
Русија почна да увезува горива за домашниот…