Вучиќ: Пленковиќ ми рече дека воениот сојуз меѓу Загреб, Тирана и Приштина не е насочен против Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска за време на посетата на Индија изјави дека со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, разговарал за „воениот сојуз меѓу Хрватска, Албанија и Приштина“ и оти Пленковиќ му рекол дека тој сојуз „не е насочен против Србија“.

– Долго разговарав со премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ, и за првпат зборувавме на темата за воениот сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб. Можам да кажам дека премиерот Пленковиќ рече дека тоа не е насочено против Србија; сè друго што би кажал би излегло од рамките на учтивоста, пристојното однесување и би прекршило одредени правила на добра волја и рационален разговор – рече тој, пренесе Бета.

Вучиќ во моментов се наоѓа во Њу Делхи на светскиот самит за вештачка интелигенција „India Pact Summit 2026“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сојузни држави ја тужат Мета: Оштетата би…

Мета, која има милијарди корисници ширум светот,…

ДУИ: Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“…

Недим Рама купувал акции во „Мерцедес“ додека…

(Видео) Турски авион се урна за време…

Турски борбен авион Ф-16 денес се урна…

Утре и задутре невреме со пороен дожд,…

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа…

Манасиевски: Филипче на одмор кај Заев во…

Венко Филипче, преостанатиот талог од СДС, со…