Расчистен е одронот на автопатот Скопје – Велес
Големиот одрон кој што синоќа се случи на автопатот Скопје – Велес е расчистен, а сообраќајот е нормализиран и се одвива по двете сообраќајни ленти, информираат утрово од Јавното претпријатие „Македонија пат“ откако нивните екипи цела вечер работеа на терен на овој патен правец.
Синоќа сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради поголем одрон во должина од 80 метри, па поради тоа од претпријатието апелираа на зголемена внимателност при движењето на овој патен правец.
„Сите патни правци се проодни. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по претежно суви коловози“, се вели во соопштението од „Македонија пат“.
Сепак, се предупредува дека на одредени патни правци што поминуваат низ усеци и клисури е можна појава на поситни одрони.
Се апелира на внимателно управување со возилата, почитувањее на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одрон на патот Кичево-Гостивар, кон Попова Шапка…
На патниот правец Кичево – Гостивар поради…
Отежнат сообраќај на патот Охрид-Св. Наум поради…
Од 06.30 часот на патниот правец Р1301…
Се расчистува одрон на патот Делчево –…
Екипи на „Македонија пат“ утрово работат на…
Одрони на патот Скопје – Велес
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Прекинат сообраќајот на автопатот Скопје-Велес поради одрони
АМСМ известува дека автопатот Скопје-Велес од 17…