Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

t

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, денеска седна на обвинителната клупа во Кривичен суд, каде што започна постапката против него за наводно загрозување на животната средина со отпад, објави 4news.mk Заедно со него обвинет е и управителот за отпад во претпријатието, Аки Саити.

Според Обвинителството, Рустеми во текот на октомври наводно спречил привремено собирање на сметот, по што главниот град се соочил со сериозни проблеми со натрупан отпад. Двајцата обвинети се товарат дека со заедничко постапување ги спроведувале плановите за управување со комуналниот отпад, но истовремено не се грижеле за исправноста на опремата и уредите за собирање смет.

Со тоа, како што наведуваат од обвинителството, било овозможено создавање диви депонии на јавни и сообраќајни површини. За кривичното дело „загрозување на животната средина со отпад“ е предвидена казна затвор од една до 10 години.

По предлог на одбраната, почетокот на судењето беше одложен за 26 март. Одбраната образложи дека поради објективни причини не им бил овозможен целосен увид во предметот и доказниот материјал доставен со обвинителниот акт, што, според нив, е клучно за да можат обвинетите да се произнесат за вина и да ја дефинираат стратегијата за главната расправа.

Во изминатите неколку месеци од мандатот на Рустеми, Скопје се соочуваше со чести проблеми во редовното собирање на отпадот. Особено критична беше состојбата во периодот меѓу двата изборни круга од локалните избори, кога контејнерите останаа неиспразнети, а отпадот се натрупуваше по тротоарите и јавните површини низ градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална…

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми,…

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко…

Имаме опозиција која е изгубена во своето…

Пленковиќ: Разговарав со Вучиќ, Сојузот е „технички“

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денес во Њу…

Мицкоски: Истрагата за дрогата оди до лица…

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во неговото…

Апсење на Илинденска – МВР со детали!

На 18 февруари 2026 година во 16:15…