Му ветиле работа во црква, ја фотографирале личната карта и му земале кредит од 3.500 евра
Непознат измамник успеал да измами 18-годишно момче од демиркаписко, убедувајќи го да му ја даде личната карта за фотографирање под изговор дека ќе биде ангажирано за делење пакети за црква. Наместо работа и заработка, тинејџерот подоцна добил писмо за отплата на кредит во вредност од околу 3.500 евра, подигнат на негово име.
Според информациите од полицискиот билтен, на 17 февруари 2026 година во 09:45 часот во ОВР Неготино, 18-годишник пријавил дека во периодот октомври – ноември 2025 година, во Неготино бил контактиран од машко лице кое побарало да ја фотографира неговата лична карта. Непознатото лице му објаснило дека документот му е потребен за постапка поврзана со ангажман за делење пакети во црква, за што наводно требало да добие паричен надомест.
Момчето се согласило, но по настанот никогаш не било повикано за работа ниту добило каква било исплата. Сомнежите се појавиле кога добило писмо од финансиско друштво со известување за отплата на кредит подигнат на негово име.
Според пријавата, станува збор за кредит во висина од 215.731 денари, односно околу 3.500 евра, за кој оштетениот се сомнева дека бил подигнат со злоупотреба на неговите лични податоци и фотографијата од личната карта.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и откривање на сторителот.
Надлежните апелираат граѓаните да не ги споделуваат личните документи или нивни фотографии со непознати лица, бидејќи ваквите измами стануваат сè почести, особено кога се користат лажни хуманитарни или верски изговори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Му ветиле работа во црква, ја фотографирале…
Непознат измамник успеал да измами 18-годишно момче…
СДСМ: Хрватска, Словенија, Црна Гора и Албанија…
„Поради пустата желба за поголем и нов…
Над 10 години крадење од инвалидите во…
Кривични пријави против поранешни претседатели и вработени…
Министерот Дурмиши: Ние имаме поголема куповна моќ…
Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши…
Сијарто: Нашиот став е јасен: се држиме…
Унгарија ќе ја потврди својата поддршка за…