Трипуновски: Нема намалување на средствата за директни плаќања
Нема кратење во Програмата за директни плаќања. Во изминатите години, вклучително и за време на претходната власт, Програмата што се носела изнесувала околу 100 милиони евра. Никогаш при нејзиното донесување не изнесувала 140 милиони евра“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во емисијата „Аргумент плус“ на ТВ 24.
Тој појасни дека Програмата за 2018 година изнесувала околу 100 милиони евра, за 2019 година била во сличен износ, во 2020 година изнесувала околу 70 милиони евра, а во 2021 година околу 60 милиони евра.
-Во 2024 година, кога сегашната Влада ја презеде одговорноста, беше наследена Програма донесена од претходната власт во износ од околу 98 милиони евра. Со ребаланс на Буџетот, износот беше зголемен на околу 115 милиони евра, а во декември беа обезбедени дополнителни средства, со што вкупната вредност достигна околу 137 милиони евра, посочи министерот.
Тој додаде дека најголем дел од средствата од Програмата за 2024 година биле наменети за исплата на заостанати обврски кон земјоделците.
-Сегашната Програма од околу 98 милиони евра не значи кратење на средствата. Дополнителните средства во 2024 година беа обезбедени со цел да се исплатат наследените долгови од претходната власт, нагласи министерот Трипуновски.
Министерот потенцираше дека и во текот на годината, преку ребаланс на Буџетот, се обезбедуваат дополнителни средства за Програмата за директни плаќања, во насока на континуирана и навремена поддршка на земјоделците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја најави „најсуровата економска операција“ против…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави нова кампања…
ВЛЕН: Кој ја води ДУИ, Али, Бујар…
Соопштение на ВЛЕН Во ДУИ веќе не…
Европа се соочува со нов раст на…
Европа повторно се соочува со летен топлотен…
Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…
Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…
Активни пожарите во мариовско и општините Студеничани,…
Изутринава во земјава има пет активни пожари…