Кирил Миноски: Дали криминалот (не) се исплати?

t

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски преку објава на Фејсбук постави прашање „Дали криминалот (не) се исплати?“ и упати критики за, како што наведува, системската неказнивост на корупцијата во државата. Миноски посочува дека трансформацијата на успешните економии започнува со справување со системската корупција и криминалот што, според него, се проектираат од највисоките нивоа на власта.

Тој оценува дека досегашните искуства во земјава покажуваат висок степен на неказнивост за криминал од висок профил, при што останатите учесници во синџирот имаат различен удел во „пленот“. Во објавата се наведува дека ваквиот систем, според него, опстојува преку назначување кадри лојални на криминалот наместо на законот и државата, создавајќи маѓепсан круг кој ја подрива иднината на државата. Миноски предупредува дека системската неправда негативно влијае врз економскиот развој, бидејќи економијата се темели на доверба и предвидливост. Според него, во услови на несигурност инвеститорите се воздржуваат од вложувања, а граѓаните трошат помалку, што резултира со забавен економски раст и влошена демографска слика.

Како можни решенија, тој предлага носење Закон за потекло на имот, целосен ветинг на политичари, судии, обвинители и полициски структури од 1990 година наваму, како и воспоставување механизми за расчистување на повеќедецениската неправда. Миноски наведува и дека, под строго утврдени услови, лица на пониски нивоа би можеле да бидат амнестирани доколку соработуваат со институциите за откривање на нарачателите и креаторите на криминалниот систем. Тој заклучува дека без конкретна политичка волја и практични чекори, а не само декларативни заложби, нема да има суштинска борба против корупцијата и криминалот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кирил Миноски: Дали криминалот (не) се исплати?

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски преку…

СДСМ: Извештајот на Вајц е потврда дека…

„Извештајот на известувачот за Северна Македонија во…

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална…

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми,…

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко…

Имаме опозиција која е изгубена во своето…