Еве каде се поднесува приговор за прекршок од „Сејф сити“, не смеат да ве вратат

t

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 објасни што граѓаните треба да направат во ситуации кога сметаат дека не сториле сообраќаен прекршок, а за истиот добиле порака преку системот „Безбеден град“ и каде треба да се обратат.

Во одредени полициски станици, вели министерот, на граѓаните им било кажувано „не сме ние надлежни“, „треба по место на живеење“, а тоа не е точно.

-Кога беше пишуван законот и кога беше замислено ова решение, така е запишано и така ќе го имплементираме, малку со потешкотии кај одредени полициски службеници, но ќе се корегира тоа, граѓанинот да може да пристапи буквално во секоја полициска станица каде тој смета дека треба. Таа која му е најблиску, до која му е наједноставо да пристапи…Така е замислен и така се имлементира. Полицискиот службеник е должен, без оглед дали е во полициска станица во Берово, Делчево, Дебар, Гевгелија, било каде, кога граѓанин ќе дојде во полициска станица и ќе донесе документ каков и да е, да го прими документот. Секој еден полициски службеник во секоја една полициска станица е должен да го прими граѓанинот и должен е да прими било каков писмен акт кој граѓанинот ќе го даде на полицискиот службеник. Понатаму, во рамки на системот на МВР, ќе се утврди како ќе биде постапено согласно нашите процедури и подзаконски акти, вели Тошковски.

Министерот нагласи и дека според подзаконскиот акт, граѓанинот треба да добие одговор по однос на поплаката од полицијата во рок од 24 часа од поднесувањето на приговорот на контакт телефонот кој го има оставено.

Рокот за плаќање на казната за сообраќаен прекршок на половина е 8 дена.

Потсетување, шалтерот кој МВР го отвори во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје за „Безбеден град“, е за поднесување на барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле граѓаните при регистрација на возилата, доколку има промена или добиле известување со неточни податоци. Шалтерот работи секој работен ден од 08:00 до 17:00 часот.

Истите промени граѓаните може да ги извршат и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еве каде се поднесува приговор за прекршок…

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во…

Конечно детали за запленета на 40 тони…

Постапувајќи по поднесена кривична пријава, јавен обвинител…

Ценaтa на златото повторно надмина 5 илјади…

Цените на златото благо пораснаа во петокот,…

Бугарија ќе изгради космичка станица крај Рожен

Бугарија ќе ја изгради првата набљудувачка станица…

Просечната нето-плата во декември 46 889 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата од вработен во…