(Фото) Се огласи сопругата на градоначалникот на Скопје: Moјата чанта чини помалку од илјада денари – објави и фотографија од каде ја купила
Кога се нема аргументи, кога политиката се сведува на политиканство, СДСМ нема да зборува за работите кои се важни за граѓаните, за фактот што е направено за Скопје и Скопјани, туку ќе вмешува семејства, личности кои не се директно во политиката, неретко и нашиот малолетен син и се така за да привлечат внимание. За волја на вистината, фактите се следни. Мојата чанта не е некакви 30 000 долари како што тврди СДС, ниту е Хермес, туку е купена од продавницата на Obuca Metro Македонија, и тоа на попуст за 944 денари.
Истата нема никаква врска со брендот Hermès, ниту по потекло, ниту по цена, ниту по вредност, ниту пак носи натпис на брендот. Доколку не веруваат, може да им ја подарам мојата на увид, а може и самите да ја посетат продавницата, има одлични работи за супер ефтини цени за луѓе кои живеат скромен и чесен живот. Има сѐ уште на располагање од истиот модел на поголема варијанта од малата чанта.
Обидот преку евтина конструкција да се создаде наратив за „луксуз“ и „аздисаност“ служејќи се со лаги и клевети во најмала рака е безобразно.
Не е мое да коментирам политички, но вмешувањето на потесно семејство во отсуство на вистински аргументи и ширење на лажни вести не е политика, туку дно.
Барам јавно извинување за изнесените невистини и повлекување на лажните тврдења.
Во спротивно, ќе ги искористам сите правни механизми за заштита на честа и угледот.
Политиката не смее да се води преку лаги и лични дискредитации!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Се огласи сопругата на градоначалникот на…
Кога се нема аргументи, кога политиката се…
ЦУК: Се излеа Сива Река во близина…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
Трагијa во Петровец: 23-годишен работник од Велес…
На 19.02.2026 во 15:00 часот во СВР…
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ ја блокираа резолуцијата за…
Комисијата за надворешна политика немаше кворум за…
Еве каде се поднесува приговор за прекршок…
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во…