Петровски: Новиот предлог-закон за високо образование е правен и политички скандал кој ја става Македонија во директен судир со ЕУ!
Новиот предлог-закон за високо образование е правен и политички скандал кој ја става Македонија во директен судир со ЕУ, пишува на Фејсбук Филип Петровски.
Во продолжение во целост ја пренесуваме неговата објава:
ЗАКОНСКА САБОТАЖА НА ЕВРОПСКАТА ИДНИНА И АКАДЕМСКАТА СЛОБОДА!
Новиот предлог-закон за високо образование е правен и политички скандал кој не само што го урива достоинството на професорите, туку ја става Македонија во директен судир со ЕУ!
КОЛИЗИЈА СО ЕВРОПСКИТЕ ПРЕГОВОРИ:
Додека се колнеме во европските интеграции, овој закон директно ги минира Кластерот „Темелни вредности“ и Поглавјето 26. Наместо плурализам и европски стандарди за квалитет, власта воведува институционален монопол и правна дискриминација меѓу високообразовните установи. ЕУ не познава системи каде државата насилно го гуши академскиот пазар и автономијата.
ПРОФЕСОРИ НА ЛАНЕЦ:
Со укинувањето на трајното звање и воведувањето реизбор на секои 7 години, Универзитетот престанува да биде бастион на слободната мисла. Се создава кадар кој мора да биде „дисциплиниран“ и послушен за да преживее. Ова е академски апартхејд каде новите генерации се граѓани од втор ред, подложни на постојан политички притисок!
НАУКА САМО ЗА БОГАТИТЕ:
Министерството бара трудови кои чинат илјадници евра, а државата не инвестира ниту денар во нив. Пораката е јасна: ако немате пари од дома, не можете да бидете професори. Со ова, Универзитетот се трансформира во елитистички клуб за децата на богатите, додека талентираните и сиромашните се осудени на егзодус.
КОНЦЕНТРАЦИЈА НА МОЌ:
Продолжувањето на ректорските мандати и централизацијата на одлучувањето е само завршниот чин во преземањето на целосната контрола врз високото образование. Наместо „прв меѓу еднаквите“, добиваме партиски гувернери на универзитетите.
Овој закон мора да биде сопрен! Тој е анти-научен, анти-социјален и длабоко анти-европски. Треба итно да се повлече и да се отвори вистинска дебата која ќе го заштити јавниот интерес, а не политичките „елити“ и апетити!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петрова и Муцунски во четврток ќе се…
Министрите за надворешни работи на Македонија и…
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…