(Видео) Нов протест во Сараево – младите бараат итна истрага за несреќата, нова влада и реорганизација на јавните претпријатија

t

Во Сараево денеска се одржа седмиот граѓански протест поради излетувањето на трамвајот од шините што ја урна постојката на 12 февруари, кога загина 23-годишниот студент Ердоан Моранкиќ, а тешко повредена е 17-годишна средношколка која остана без нога, објави Кликс.ба.

Демонстрациите на неколку илјади граѓани, меѓу кои голем број студенти и средношколци, започнаа во 12 часот пред Националниот музеј на Босна и Херцеговина.

ADVERTISING

Учесниците на протестот, меѓу другото, бараа објавување на имињата на одговорните лица и конкретни мерки, вклучително и рокови за решавање на проблемот со трамвајскиот превоз.

Демонстрантите го блокираа сообраќајот на неколку места во Сараево, а во поворката извикуваа: „Крадци, крадци!“, „Сите за еден, еден за сите!“, „Вашите раце се крвави!“, а минувајќи покрај Обвинителството на Сараевскиот кантон, извикуваа „Дали избирате правда или соучесништво?“, „Обвинители, излезете!“.

Колегите на настраданиот студент Ердоан Моранкиќ од Академијата за уметности во Сараево се придружија на денешниот протест, некои со црни превези за очи.

Пленумот на студентите на Факултетот за политички науки во Сараево посочи дека бараат фер и транспарентен процес во случајот со оваа несреќа, како и одговорност на сите оние кои придонеле за тоа.

За време на протестот, зборуваа и родителите на децата кои починале во изминатите години поради, како што наведоа, системски грешки.

Денешниот протестен митинг беше обезбедуван од голем број полицајци, но не се регистрирани инциденти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Нов протест во Сараево – младите…

Во Сараево денеска се одржа седмиот граѓански…

Муцунски телефонски разговарал со новата министерка за…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Лавров и Арагчи разговараа за нуклеарната програма…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Северноамериканската команда за воздушна одбрана – NORAD…

Северноамериканската команда за воздухопловна одбрана (NORAD) вчера…

Косовска компанија ќе носи јаглен од Грција…

ЕСМ во последниот повик за набавка на…