Нов услов од Вашингтон, Иран има 48 часа за нуклеарен план
Соединетите Американски Држави се подготвени да одржат нова рунда преговори со Иран во Женева, но само доколку Техеран во следните два дена достави деталeн нуклеарен предлог, објави Axios, повикувајќи се на висок американски функционер.
Според истиот извор, конкретен ирански предлог би можел да отвори пат за детални разговори за постигнување нуклеарен договор, со можност за привремен договор пред евентуален сеопфатен договор.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи изјавил за американскиот информативен канал MS Now дека предлогот е речиси подготвен и ќе биде доставен до американската страна штом највисокото иранско раководство даде зелено светло.
Во меѓувреме, високи американски функционери предупредиле дека тековните дипломатски напори би можеле да претставуваат последна можност пред Вашингтон да одобри поширока заедничка воена операција со Израел. Според Axios, во сценарио на ескалација би можеле да бидат разгледувани и цели поврзани со врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи.
САД во изминатиот период ја засилија воената присутност на Блискиот Исток. Во регионот веќе е распоредена ударната група на носачот на авиони USS Abraham Lincoln, заедно со дополнителни борбени авиони, додека носачот USS Gerald R. Ford е на пат кон регионот.
Претходно овој месец разговорите беа обновени во Мускат со посредство на Оман, по што следуваше втора рунда во Женева. Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го оцени состанокот во Женева како продуктивен во одредени аспекти, додека посочи дека Техеран одбил да преговара за некои „црвени линии“ поставени од претседателот Доналд Трамп. Од иранска страна, Арагчи го оцени тонот на разговорите како поконструктивен.
Претседателот Трамп претходно постави рок од 10 до 15 дена за да се постигне напредок во преговорите, наведувајќи дека во спротивно на маса ќе бидат ставени и воени опции, вклучително и ограничен напад со цел зголемување на притисокот врз Иран.
Во наредните два дена се очекува одговор од Техеран со конкретен нуклеарен предлог. Од неговата содржина ќе зависи дали ќе биде закажана нова рунда преговори во Женева или ќе се разгледуваат алтернативни сценарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…